Ердоган беше кум на Озил кој покажа голема хуманост на својата свадба

Ѕвездата на Арсенал, Месут Озил се ожени во Истанбул, а кум на неговата свадба беше претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган..

Германскиот репрезентативец кој има турско потекло, Месут Озил беше мета на многу критики оваа сезона поради неговите слаби игри и индолентност кон тимот.

Најубав момент за негова оваа година е венавката со поранешната мис на Турција, Амине Гулсе која се случи во луксузен хотел на Босфордот со околу 300 гости.

Кум на Месут Озил му беше турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

На многумина можеби не им се допадна фактот што Озил го одбра Ердоган за кум кој во очите на повеќето луѓе важи за диктатор, но фудбалерот имаше импресивен хуман гест на свадбата.

Имено, Озил и неговата сопруга решиле да платат операции за дури 1.000 деца низ светот. А гостите ги замолиле наместо подароци, парите да ги донираат во хуманитарни цели.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top