Ердоган: Центарот на Африн е опколен, наскоро влегуваме

Турската армија и нејзините сојузнички бунтовнички групи го опколија северниот сириски град Африн и се приближуваат кон неговиот центар, рече денес претседателот Реџеп Таип Ердоган..

Операцијата „Маслинова гранка“ во северна Сирија, Турција ја започна пред речиси седум недели за да ја потисне сириската курдска милиција ЈПГ.

Анкара смета дека ЈПГ е терористичка група и сојузник на Курдската работничка партија (ПКК), која во Турција е забранета.

„Центарот на Африн сега е опколен и следи да влеземе,“ рече Ердоган во Анкара во говорот што е емитуван на телевизија.

Турските сили и нивните сојузници од Слободната сириска армија (ФСА) го презедоа блискиот град Џиндерес, објавија државните медиуми.

Тие објавија дека Турција сега надгледува пет од седумте населби на северозападната покраина Африн.

„Ги отстрануваме последните пречки пред да влеземе во опколениот центар на Африн“, рече Ердоган, и објави дека преостануваат шест километри од Џиндерес до влезот во Африн.

По неговиот говор, се огласи ЈПГ и ги негираше тврдењата на Ердоган. „Турција е помеѓу 10 и 15 километри од Африн“, изјави портпаролот на ЈПГ, и рече дека неколку региони за кои Турција тврди дека ја презеле контролата се уште се бојно поле.

Во својот говор, Ердоган најави дека ќе продолжат кон градот Манбиџ.

„Денес сме во Африн, утре ќе бидеме во Манбиџ. Следниот ден ќе осигураме источно од Еуфрат да биде исчистено од терористи се до границата со Ирак“, рече тој, пренесе Ројтерс.

Повторувачките закани на Ердоган дека ќе тргнат кон Манбиџ ги комплицира односите со сојузниците на НАТО, САД, со оглед дека нивните војници се распоредени во оваа област. 

Турција е лута бидејќи Соединетите Држави ги поддржуваат ЈПГ, кои биле клучен сојузник на САД во борбата против џихадистичката исламска држава


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top