Ердоган и Гутереш телефонски разговараа за акциите на Израел во Газа

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа телефонски разговараше со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш..

Во разговорот, двајцата ја истакнаа потребата од построги мерки од страна на меѓународната заедница во врска со акциите на Израел во Газа.

Израелските сили во понеделникот убија 60 Палестинци и повредија околу 2.500 лица при протестите на границата помеѓу Израел и  Појасот Газа. Истиот ден беше отворена американска амбасада во Ерусалим.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top