Ердоган ја критикуваше Алијансата: Еј, НАТО, каде сте вие?

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес го критикуваше НАТО затоа што не ја поддржа актуелната воена офанзива на Анкара на курдската енклава Африн во северниот дел на Сирија..

„Еј, НАТО, каде сте вие“, ги запраша Ердоган приврзаниците за време на неговото обраќање и ја обвини алијансата за двоен аршин.

Ердоган кажа дека Турција испратила војници во зоните на конфликт кога  НАТО побарале тоа да го направат, а за возврат не добила поддршка.

Турција на 20 јануари ја започна офанзивата против курдските Единици за заштита на народот (ЈПГ) во Сирија, со цел да ги протера од енклавата Африн.

Анкара ја смета ЈПГ за терористичка организација, иако САД, сојузникот на Турција во НАТО, ги поддржуваа тие сили на сириските Курди во борбата против екстремистите на Исламската држава.

Ердоган апелираше до НАТО да ѝ помогне на Турција, наведувајќи дека нејзините граници се „моментално загрозени“.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top