Ердоган не го прифаќа извинувањето на НАТО

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го отфрли извинувањето на НАТО откако неговото име се појави на „непријателска листа“ за време на вежба во Норвешка..

„Го видовте вчера однесувањето полно со непочитување за време на воената вежба на НАТО. Постојат грешки кои не ги прават будали, туку луѓе со низок морал. Тоа не може лесно да се заборави“, кажа Ердоган во говор емитуван во живо на телевизија, пренесува Ројтерс.

Турскиот претседател истакна дека тоа не може да се надмине со „обично извинување“.

Тој вчера кажа дека Турција повлекува 40 свои војници од воената вежба на НАТО во Норвешка, откако неговото име се појави на листа на непријатели на постер за време на вежбата.

НАТО и Осло ѝ се извинија на Турција по инцидентот за време на воената вежба во Норвешка, каде и Мустафа Кемал Ататурк и претседателот Ердоган беа „прикажани како непријатели“ по што турскиот лидер ги повлече своите војници од маневрите.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кажа дека „виновник“ за инцидентот не е припадник на НАТО туку лице ангажирано од норвешката влада.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top