Ердоган: Нема да дозволиме Израел да го украде Ерусалим

Ќе ги поддржиме Палестинците и нема да дозволиме Израел да го украде Ерусалим, рече турскиот претседател, Реџеп Тајип Ергоган, за време на синоќешната ифтарска вечера, пренесува Ерусалимпост..

„Дури и ако светот ги затвори очите, ќе го спречиме изливот на израелската суровост. Ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите палестински браќа и сестри, не само со нашите срца, туку и со наши ресурси…, никогаш нема да дозволиме Израел да го украде Ерусалим,“ истакнал Ердоган.

Турскиот претседател го осудил и „молкот“ на Меѓународната заедница за крвопролевањата на граничната ограда меѓу Израел и Палестина во Појасот Газа.

„…Ако таквиот молк продолжи, светот ќе стане место каде што ќе владеат силеџиите“, завршува Ердоган.

На 14 мај десетици илјади Палестинци во појасот Газа, на границата со еврејската држава протестираа против релокација на Амбасадата на САД во Ерусалим. Во утринските часови избувнаа инциденти кои продолжија до попладнето долж границата со Израел. Според последноит биланс, 60 Палестинци загинаа, а повеќе од 2.700 беа ранети од израелската армија.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top