Ердоган остро го нападна советникот за национална безбедност на Трамп

„Направи голема грешка” , тоа се дел од изјавите во кои турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го обвини советникот за нациоонална безбедност на САД , Џон Болтон..

Болтон денеска се сретна во Анкара со претставници на турската власт , но Ердоган не сакаше да го прими. Тој му се налути на високиот претставник на американската администрација и близок соработник на претседателот Доналд Трамп , поради изјавата дека Турција не смее да ги напаѓа Курдите по повлекувањето на американските војници од Сирија.

Ердоган изјави дека Болтон анправил голема грешка , со тоа што и поставува услови ан Турција по заминувањето на американските војници од Сирија.

,,Изјавите на Болтон се неприфатливи и не можеме да ги поднесеме. Џон Болтон направи голема грешка!” , рече Ердоган , осврнувајќи се на изјавата на Болтон дадена во неделата во Израел , каде вели дека курдските борци ќе бидат заштитени .

Од друга страна токму тие за Турција се непријатели , против кои води воени акции.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top