Ердоган побара од Германија да го смири „неискусниот“ Курц

Европа – и пред се Германија – треба да го „смири“ австрискиот канцелар Себастијан Курц по неговата одлука да затвори џамии и протера имами од земјата како дел од борбата против „политичкиот ислам“..

За ова повика турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, цитиран од весниците „Дер Стандард“ и „Хуриет дејли њуз“.

Ердоган го нападна Курц и на крајот на минатата недела, кога најави дека поради одлуката на Австрија во Европа може да има војна „меѓу крстот и полумесечината“.

Во своите нови забелешки до Курц тој се обрати директно кон лидерот.

„Го повикувам канцеларот на Австрија. Ти уште си млад, се уште немаш многу искуство“, рече Ердоган, според кого 31-годишниот Курц е во „академски“ период на кариерата.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top