Ердоган победи на претседателските избори уште во првиот круг

Неговиот главен противкандидат Муарем Инџе доби 31% од гласовите. Излезноста на изборите во Турција изнесува 86,82%..

Ердоган победи на претседателските избори во Турција. Како што предвидуваа дел од аналитичарите пред изборите, Ердоган освои половина од гласовите односно 53%. Со тоа, актуелниот претседател обезбеди нов мандат за наредните пет години.

За полицијата, ова се најчистите избори во последните неколку години иако на денот на гласањето се случија неколку убиства на регионални политички лидери, како и бројни апсења.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top