Ердоган: Саудијците мора да разјаснат кој ги испратил убијците на новинарот Кашоги

Главниот јавен обвинител на Саудиска Арабија мора да разјасни кој го испратил петнаесетчлениот тим во Истанбул за да го убијат саудискиот дисидент, новинарот Џамал Кашоги, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган..

Саудискиот главен јавен обвинител Сауд ал Моеб е во Истанбул од понеделникот и двапати се сретна со главниот обвинител на Истанбул Ирфан Фидан, кој ја води истрагата за убиството на Кашоги.

Ал Моеб го посетил саудискиот конзулат, во кој Кашоги бил убиен и резиденцијата на конзулот, наведуваа турските медиуми.

„Кој го испратил петнаесетчлениот тим тука? Како саудиски главен јавен обвините мора да го истражите и разјасните тоа“, кажа Ердоган пред новинарите во парламентот и додаде дека Ријад мора да дознае кој од 18-те осомничени, уапсени во Саудиска Арабија, е убиецот на Кашоги.

Турски безбедносни извори тврдат дека 15-те убијци од специјалниот тим, главно саудиски разузнавачки оперативци, долетале во Истанбул неколку часа пред смртта на Кашоги.

„Случајот конечно мора да се реши“, кажа Ердоган, додавајќи дека нема смисла да се одолговлекува и да се штитат одредени луѓе.

Ријад исто така мора да го открие идентитетот на локалниот соработник, истакна турскиот претседател.

59-годишниот Кашоги влегол во саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври за да ги добие документите неопходни за неговата претстојна венчавка, но не излегол од конзулатот.

Саудиска Арабија првично негираше каква било вмешаност во исчезнувањето на кашоги, но подоцна кажаа дека е убиен „по грешка“. Уапсија 18 лица.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top