Ердоган: Турција е една од најсилните воени сили во НАТО

Испораката на рускиот ракетен систем С-400 на Турција ќе биде реализирана во јули оваа година или можеби и порано, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган..

„Постои голем меѓународен интерес за турското купување на рускиот систем С-400 и турските министри често ги прашуваат дали Турција ќе ја промени својата одлука“ – изјави Ердоган пред новинарите после посетата на Москва.

Тој изјавил дека таа работа е завршена и оти се е подготвено, пренесуваат агенциите.

Коментирајќи ги критиките на Вашингтон поради купувањето на системот С-400, Ердоган изјавил дека Турција е една од најсилните воени сили на Алијансата.

„Кога се критизира на таков начин, зошто никој не спомне дека ние, како една од најсилните воени сили на НАТО имаме потреба од силна противвоздушна одбрана“ – изјавил Ердоган.

Ердоган го коментирал и ултиматумот на американскиот потпретседател Мајк Пенс, кој рекол дека Анкара мора да одлучи меѓу Алијансата и договорот со Русија.

Ердоган изјавил дека изјавата на Пенс не е обврзувачка, пренесуваат агенциите.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top