Ердоган: Турција своите интереси ќе ги брани и со употреба на сила

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека неговата земја по секоја цена ќе ги брани своите национални интереси, преку дијалог и дипломатија, но ако е потребно и со употреба на сила..

Како што јавува агенцијата Анадолија, Ердоган вчера на состанокот во Анкара со турските амбасадори рекол дека од САД очекува конкретни чекори, без разлика дали станува збор за испорака на челниците од организацијата на Фетула Ѓулен, кој е во егзил во САД, а кој власта во Анката го поврзува со организирање на неуспешниот пуч, или пак, за прекин на снабдувањето со оружје на, како што се изразил, курдските терористи.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top