Ердоган: Турските трупи почнуваат да се префрлаат кон Либија

Турција почна да испраќа трупи во Либија за „координација и стабилност“, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган, откривајќи дека Анкара ќе воспостави оперативен центар во таа земја..

Турската војска веќе почна да се движи „полека“ кон Либија, објави Ердиган денес. Сѐ уште не се знае обемот на вмешаноста на Анкара во долгогодишниот либиски конфликт.

Испраќањето турски војници во Сирија доби зелено светло од турскиот парламент во четвртокот. Потегот следи откако либискиот премиер Фајез ал Сарај побара воена помош од Анкара на меѓународно признатата влада во Триполи. Владата на Сарај е оспорена од парламентот со седиште во Тобрук, кој тврди дека е вистинската власт во разурнатата земја.

Парламентот во Тобрук е поддржан од Либиската национална армија предводена од генералот Калифа Хафтар. ЛНА почна офанзива против владата во Триполи на почетокот на 2019, стигнувајќи до предградијата на престолнината но не успевајќи да се пробие во градот.

По турската одлука да испрати трупи во Либија, генералот Хафтар прогласи „џихад“ против Турција, ветувајќи дека ќе ги исфрли натрапниците од земјата. Парламентот во Тобрук се задржа на поконвенцуинални дипломатски потези, официјално прекинувајќи ги сите врски со Анкара и обвинувајќи го премиерот Сарај за предавство.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top