Ердоган: Во вторник ќе ги објавам деталите за смртта на новинарот Кашоги

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека во вторник ќе ги објави деталите за бруталното убиство на новинарот со американско државјанство , Џамал Кашоги..

На своите приврзаници во Истанбул Ердоган во обраќањето рече дека Турција ја бара правдата , а за тој случај детално ќе им раскаже на на членовите на владејачката партија во Парламентот .

Саудиска Арабија вчера соопшти дека саудискиот новинар , кој има двојно државјанство, умрел за време на тепачка во конзулатот во Истанбул и затоа се уапсени 18 лица.

Не ги признаваат тврдењата на турските истражители , кои наведуваат дека новинарот на Вашингтон Пост бил жив распарчен, а неговото тело скриено.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top