Ете ја бомбата: Алексис Санчес се договорил со Интер

По пауза од осум години, чилеанскиот репрезентативец Алексис Санчес се врати во италијанскиот фудбал..

Последен пат беше член на Удинезе од каде во 2011 година се пресели во Барселона. Ако се точни информациите од Италија, тој наскоро ќе стане член на Интер каде заминува како позајмен играч од Манчестер Јунајтед. 

Тоа значи дека повторно ќе игра со Ромелу Лукаку кој му беше соиграч на Олд Трафорд.

Познатиот италијански новинар Џанлука ди Марѕио вечерва соопшти дека Санчес ги договорил личните услови со Интер и дека останува само двата клуба да ги договорат деталите. Со оглед на тоа што Јунајтед сака што побрзо да се ослободи од напаѓачот, најверојатно нема да има проблеми.

Иако уште не е потврдено, се претпоставува дека ќе важат истите услови како со Рома која Санчес ја одби, односно дека Јунајтед ќе плаќа половина од платата на фудбалерот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top