ЕУ ги продолжи санкциите против Русија до 31 Јануари 2019

Европската унија ги прошири економските санкции против Русија до 31 јануари 2019 година, се вели во соопштението на Европскиот совет. Санкциите истекуваа на крајот од јули..

Одлуката беше донесена откако францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел gi објавија на 28-29 јуни 2018 година најновите информации за спроведувањето на Минскските договори кои се поврзани со санкциите.

 Денес, Советот едногласно ја усвои оваа одлука со писмена постапка.

Мерките се насочени кон рускиот финансиски, енергетски и одбранбен сектор, како и стоките со двојна употреба. Санкциите беа наметнати на 31 јули 2014 година за една година како одговор на дестабилизирачките акции на Русија во Украина и се проширија во септември 2014 година.

 ЕУ, исто така, наметна дипломатски мерки кои вклучуваат забрана за виза и замрзнување на средствата. До 15 септември 2018 година 155 лица и 38 компании се наоѓаат на црната листа на Унијата.

 Должината на санкциите е условена со целосна имплементација на Минските договори.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top