ЕУ го казни Google со 1,5 милијарди евра

Американскиот интернет пребарувач и маркетингшки гигант Google денеска беше казнет од Европската унија со 1,5 милијарди евра поради блокирање на реклами од трети страни..

Унијата тврди дека Google ја злоупотребил својата доминатна улога во интернет просторот и го органичувал пристапот до ривалските компании од 2006-та до 2016-та година. Ова е трета казна од Унијата за технолошкиот гигант во изминативе две години.

Минатата година Унијата го казни Google со 4,34 милијарди евра затоа што го употребил својот широко распространет оперативен систем Андроид за паметни телефони да го блокира пристапот на корисниците до другите пребарувачи на пазарот. Претходно во 2017 година Google заработи уште една казна од 2,34 милијарди евра за попречување на веб-страниците за споредба на пазарите.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top