ЕУ го поздрави конструктивниот дух на Меј

Европската унија го поздрави „конструктивниот дух“ во обраќањето на британската премиерка Тереза Меј во кое таа сугерираше дека Обединетото Кралство ќе продолжи да ги извршува своите обврски во согласност со постојниот буџет на блокот..

Во соопштението на шефот на преговарачкиот тим за Брегзит Мишел Барниер се наведува дека Меј изразила конструктивен дух кој исто така бил присутен и во Европската унија за време на преговорите. Говорот покажува и желба за одење напред, оценува Барниер.

Претходно денеска, зборувајќи во Италија, Меј предложи две годишен транзициски период за Британија откако ќе ја напуштат Европската унија, сугерирајќи дека Обединетото Кралство ќе продолжи да ги извршува своите обврски кон унијата согласно тековниот буџет. Нејзините коментари доаѓаат во период на застој во разговорите за излегувањето на Британија од ЕУ. Тие запнаа на прашањата поврзани со сумата која треба да ја платат за да се исполнат финансиските обврски на земјата кон унијата.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top