ЕУ ќе им даде по 2000 евра на мигрантите кои ќе се вратат дома

ЕУ ќе им плати по 2000 евра на секој од мигрантите од пренатрупаните грчки острови кој сака да се врати во својата татковина, јави Би-би-си..

Планот е договорен со грчката влада вчера во Атина, а го соопшти Илва Јохансон, комесарката на ЕУ за внатрешни работи.

Оваа мерка е привремена и ќе биде на сила еден месец, а ќе се однесува на мигрантите кои во Грција влегле пред 1 јануари. Мерката за „доброволно враќање“ е обезбедена на 5000 мигранти. Инаку, само овој месец во Грција од Турција стасаа стотици мигранти и бегалци. Иако капацитетите на грчките кампови се за 6000 луѓе, сега таму живеат речиси 42.000 баратели на азил. Меѓу нив има и 14.000 деца.

Јохансон рече дека при спроведувањето на новата мерка, враќањето на мигрантите дома ќе се одвива во координација со Организацијата за бегалци на ОН и граничните сили на ЕУ, Фронтекс.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top