ЕУ: Русија го крши меѓународното право со окупацијата на Јужна Осетија и Абхазија

Руското воено присуство во Абхазија и Јужна Осетија е спротивно на меѓународното право, како и на обврските што ги презеде Москва со договорот од 12 август 2008 година..

Ова се наведува во декларацијата на ЕУ за десетгодишнината од инвазијата на Русија во Грузија.

Во документот се нагласува дека ЕУ се залага за мирно решение за да излезе од конфликтот.

Унијата ја потврдува цврстата позиција во поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија во меѓународно признатите граници – со Јужна Осетија и Абхазија.

„За жал руското воено присуство во Абхазија и Јужна Осетија продолжува да го крши меѓународното право и обврските кои Русија ги презеде со договорот од 12 август 2008 година, склучен со посредство на ЕУ“, се вели во декларацијата.

Европската страна го поздрави подготвениот од Тбилиси пакет со предлози „Чекор кон подобра иднина“, кој може да биде од корист за луѓето од двете страни на линијата во зоната на конфликтот.

Подвлечено е дека во последните 10 години Грузија ги зајакнала своите демократски институции, постигнала економски развој, станала атрактивна за странските инвеститори и туристи.

Исто така, се истакнува дека денес Грузија е модел за демократска стабилност во регионот.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top