ЕУ усвои нови санкции против Русија

Во соопштението Ван Ромпуј наведува дека пакетот санкции кои зависат од таргетираните мерки објавени во јули се усвоени преку писмена процедура..

Претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј соопшти дека Европската унија формално усвоила нови санкции против Русија поради Украина што ќе стапат во сила деновиве. 

Во соопштението Ван Ромпуј наведува дека пакетот санкции кои зависат од таргетираните мерки објавени во јули се усвоени преку писмена процедура. 

Претходно, Унијата ја одложи процедурата за воспоставување нови санкции за да им се овозможи на амбасадорите на ЕУ да одржат состанок за темата. Европски дипломати велат дека предложените нови санкции вклучуваат и забрана за кредитирање и финансирање од земјите-членки на Унијата на главните руски енергетски фирми меѓу кои и Роснефт, Транснефт и Газпром Нефт. Рускиот премиер Дмитри Медведев за рускиот весник „Ведомости“ вчера рече дека западните авиокомпании може да бидат забранети на рускиот воздушен простор ако се воспостават санкции кои се поврзани со енергетскиот сектор или пак со понатамошни рестрикции на рускиот финански сектор.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top