ЕУ воведува построги правила за трговија со крипто-валути

Европската Унија воведе построги правила за трговија со крипто-валути, вклучувајќи биткоин..

Според Брисел, виртуелните валути станале одлична алатка за перење пари или финансирање на терористички организации.

Биткоинот се тргува преку онлајн платформи, кои претставуваат своевидни берзи на интернет. Продавачите и купувачите таму се анонимни.

Новите правила предвидуваат оние кои тргуваат со крипто-валути, да го пријават својот идентитет и локација.

Некои држави во Европската унија, меѓу кои Велика Британија, Ирска, Кипар и Малта биле против новите правила, но по цела година преговори се дошло до компромис.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top