ЕУ вознемирена од можноста за „граѓанска војна среде Европа“

Еврокомесарот за буџет и човечки ресурси Гинтер Етингер предупреди на ризикот од „граѓанска војна“ во Каталонија, додека растат стравувањата околу можното еднострано прогласување независност на шпанскиот регион..

Британски Дејли телеграф пренесува дека Етингер вчера ги повикал двете страни на разговор, иако времето минува и нема никакви индикации дека ќе има дијалог, а движењата кои се залагаат за независност сакаат уште на почетокот на следната недела да прогласат Република Каталонија.

„Ситуацијата е многу, многу вознемирувачка. Се планира граѓанска војна среде Европа. Можеме само да се надеваме дека наскоро ќе има разговори меѓу Мадрид и Барселона“, изјави Етингер во Минхен.

Тој додаде дека ЕУ би можела да биде посредник во тие разговори само „ако тоа биде побарано“.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top