Евакуација на железничка станица во Москва поради дојава за бомба

Евакуација на железничка станица во Москва.

Руската полиција трага по едно лице кое денеска испратило лажна дојава за поставена експлозивна направа на железничката станица Курск во Москва, поради што повеќе од 200 луѓе биле евакуирани.

– Не е пронајден никаков експлозив. Железничката станица продолжи со работа. Полицијата презема мерки за идентификација и апсење на лицето кои ја испрати анонимната дојава, наведува во своето соопштение Одделот за сообраќај при руското Министерство за внатрешни работи.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top