Еве како Еди Рама организира пречек на новинар: Премерот на Албанија по кратки и - бос!

И покрај тоа што на интервјуто разговарале за потенцијалот на Албанија за влез во ЕУ, на новинарот Џек Парок најголем впечаток му оставил "аутфитот" на албанскиот премиер..

Џек Парок, новинар од европската телевизиска мрежа "Euronews" го посетил албанскиот премиер Еди Рама во летната резиденција во Дермија. 

Новинарот, покрај интервјуто, решил пред влезот да се фотографира со албанскиот премиер, а тоа што привлекува внимание на фотографијата е "аутфитот" на Еди Рама.

Облеката на Рама очигледно го изненадила и новинарот, па тој решил да се фотографира со албанскиот премиер, и фотографијата да ја објави на Твитер.

"Ова не беше вообичаено политичко интервју. Премиерот на Албанија нè прими во неговата летна резиденција, бос и во кратки панталони. Нашето интервју се фокусираше на потенцијалот на Албанија за започнување на разговорите за пристапување во ЕУ. Интервјуто ќе се емитува во Euronews во наредните денови", напишал новинарот на популарната социјална мрежа.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top