Евентуална блокада на Договорот во Атина, би го загрозило меѓународниот кредибилитет на Грција

Јенс Столтенберг вели дека Грција мора да го исполни својот дел од договорот..

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју за грчкиот весник, Катимерини, изрази очекување дека Македонија и Грција ќе се придржуваат до договореното и ќе ги завршат обврските предвидени со Договорот од Преспа. Запрашан што би можело да се случи ако договорот се имплементира во Скопје, а остане блокиран во Атина, Столтенберг вели:

„Најважно за националниот кредибилитет е кога една земја потпишува договор, а другата страна го исполнува, тогаш двете земји да го исполнат договорот. Сѐ друго сериозно би го поткопало националниот кредибилитет на било која од земјите“, вели Столтенберг.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top