Европа се тресе: Ни Погба во Реал, ни Де Лихт во Барса - се поради ФИФА

Еден од најпознатите фудбалски менаџер на денешнината Мино Рајола доби суспензија во траење од три месеци и тоа токму во периодот кога се најжешки преговорите за трансфери..

ФИФА со тоа го поддржа Фудбалскиот сојуз на Италија кој во средата му изрече, исто така, тримесечна суспензија, а причина е еден корупциски случај од 2015 година. Оваа одлука може сериозно да ги промени случувањата на летниот трансфер пазар бидејќи Рајола е агент на голем број фудбалски ѕвезди во моментов.

Најпознати и најактуелни се Матијс де Лихт од Ајакс и Пол Погба од Манчестер Јунајтед. Првиот се поврзуваше со Барселона, вториот со Реал Мадрид, но ако нема промени, ни едниот, ни другиот нема да можат да ги сменат своите клубови. Рајола и соработниците од неговата менаџерска компанија не смеат да преговараат со клубови, па неизвесно е што ќе се случи во следниот период.

Трансфер пазарот во Англија трае до 10 август што значи дека Рајола не смее да продава фудбалери во Премиер лигата, а за другите играчи ќе може да прегова откако ќе помине суспензијата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top