Европски дипломати се чудат: Зошто човекот снимен со милион евра рекет е дома?

Европски дипломати во бунило, дел од нив не можат да разберат како се случи во клучните моменти за македонските евроинтергации да се прават политичко-правосудни договори меѓу политичари.

За дипломати кои одлично ги познаваат состојбите во Македонија несфатливо е како се случи Зоран Милески Кичеец кого сите го видовме како со торба полна со еден милион евра си оди од домот на бизнисменот Орце Камчев да замине во домашен притвор.

За странците упатени во домашните политичко правни прилики е шокантно што Кичевски пред да биде пуштен дома во два наврати дава изјава како сведок во пред истрага а не дава изјава како осомничен во притвор, пишува Expres.

Со неговото ослободување од ефективен притвор македонските власти само долеваат масло на огнот во аферата Рекет, тврдат информираните дипломати за кои е очигледно дека постои спрега меѓу највисоките кругови на власта и парите кои биле изнудувани од бизнисмени преку СЈО и телевизијата 1Тв на Боки 13.

Доколку власта се надева дека со пуштање на Кичевец во домашен притвор и неговото евентуално користење како заштитетен сведок во постапката за Рекет ќе спаси некои свои високи функционери многу се лаже, сметаат дипломати кои инсистираат на анонимност.

Точно е дека и странските партнери и опозицијата деновиве сакаат да ја спуштат топката за да не се направи штета на процесот на добивање датум за ЕУ, велат изворите на Expres.mk но овие прашања еден ден ќе дојдат на ред и тогаш премиерот , министерката за правда и други претставници ќе мораат да објаснат што и зошто се случувало. Притоа тие не смеат да се сомневаат дека информациите за тоа кој со кого комуницирал во аферата Рекет покрај за македонските се достапни и за други институции и служби.

Во случајот со Зоки Кичеец главно е прашањето зошто тој не го дал пасвордот со кој може да се влезе во неговиот телефон со кој комуницирал со низа инволвирани и дали токму пасвордот е причината поради која тој е пуштен да се брани од дома.

Доколку се покаже дека Кичеец е пуштен дома за да може да прави трговија со затворска казна за себе и другите инволвирани кои се уште не се обвинети во Рекет тоа ќе значи крај за надежите дека Македонија како земја со владеење на правото ќе стане членка на ЕУ, предупредуваат пријателите на Македонија.

Официјално Кичеец е пуштен на домашен притвор пред три дена откако Обвинителството за организиран криминал го прифати барањето на адвокатите и процени дека има простор за такво нешто иако Милевски беше снимен како подигнува 1 милион црни пари обезбедени со рекет.

По добиено позитивно мислење од Обвинителството, предлогот на одбраната да биде уважен како основан, судија на претходна постапка, согласно законските одредби, донесе решение со кое мерката притвор се укинува и се определува мерка куќен притвор. Решението е испратено до странките, а обвинeтиот ќе биде спроведен на издржување на мерката куќен притвор во неговиот дом, се вели во соопштението од Основниот кривичниот суд Скопје.

Зоран Милевски-Кичеец заедно со Бојан Јовановски-Боки 13 беше уапсен на 15 јуни и по распитот во Основниот кривичен суд Скопје им беше одредена мерка притвор. Двајцата беа осомничени за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание, а Боки 13 е осомничен и за кривичното дело Перење пари.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top