Европскиот шампион во опасност: Салцбург со победа ќе го исфрли Ливерпул!

Многу лесно може да се случи Ливерпул да не стигне до нокаут фазата во Лигата на шампионите, односно да не ја брани титулата освоена лани..

Во пресрет на последното коло „црвените“ се на првото место на табелата во својата група, но пропуштија со победа против Наполи да го обезбедат натамошниот пласман. Сега се е отворено, а Салцбург е пред историска можност.

Во последното коло Ливерпул гостува во Австрија, првиот меѓусебен меч заврши со победа на европскиот првак со 4-3, па на Салцбург му е доволен и минимален триумф, односно со 1-0 затоа што ќе има и подобра вкупна гол-разлика и подобар сооднос во меѓусебните дуели со премиерлигашот. Ливерпул би можел да помине во осминафиналето со пораз од 4-5, 5-6, 6-7… под услов Наполи да победи.

Наполи го пречекува Генк и е голем фаворит, но во следната фаза ќе оди дури и со нерешен резултат, без разлика на исходот во Салцбург. Во случај трите екипи да имаат по 10 бода, би испаднал Ливерпул затоа што е најслаб во кругот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top