„Езерџиите“ во транс - го добија посакуваниот трансфер, реакција и на Леброн Џејмс

ЛА Лејкерс ја доведоа мегаѕвездата од НБА лигата, Ентони Дејвис, известува угледниот ЕСПН..

Досегашниот кошаркар на Пеликанс, во Њу Орлеанс ќе го заменат Лонзо Бол, Брендон Играм и Џош Харт, кои одат во спротивен правец.

Но Лејкерс на Њу Орлеанс им отстапија и четврти пик на претстојниот драфт.

Еден од првите кои реагираа на веста за трејдот беше Леброн Џејмс, кој на Инстаграм го поздрави доаѓањето на големата ѕвезда и негов нов соиграч.

„АД на пат кон Лејкерси, одиме брате, ова е само почеток“, напиша Џејмс.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top