Фабрегас сака назад во Арсенал – од редовите на „топџиите“ му пристигна јасна порака

Цеск Фабрегас неодамна изјави дека нема ништо против да се врати повторно во Арсенал иако на овој клуб му „заби нож во грбот“ кога одлучи да потпише за Челзи..

На Шпанецот по крајот на тековната сезона му истекнува договорот со тимот на Челзи и ќе биде слободен играч бидејќи на „Стенфорд Бриџ“ не планираат да го задржат. Иако се нудеше на Арсенал, сепак јасно е дека нема никакви шанси после се, повторно да заигра за овој клуб, нешто што го потврди и тренерот Унаи Емери.

„Не сме заинтересирани за доведување на Цеск Фабрегас. Она што овие денови се пишува во медиумите се само шпекулации и ништо повеќе од тоа“ порача Шпанецот.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top