Фановите на Манчестер Јунајтед не сакаат веќе да го гледат на терен: Прекинете му го договорот!

Жозе Мурињо потврди на последната пресконференција дека го загубија Маруан Фелаини на неколку недели, откако пред два дена се повреди на мечот со Тотенхем..

Сигурно дека е необјасниво кај фанов
ите што точно виде Мурињо кај Фелаини, еден од најнепосакуваните играчи на „Олд Трафорд“ за армијата фанови на овој славен клуб, но ете, и покрај повредата, Мурињо редовно потенцира дека посакува Фелаини да го има во својот состав.

Но откако денеска беше потврдено дека Фелаини ќе биде надвор од терените, фановите на Јунајтед тоа го пречекаа може да се каже со големо славење.

Дел од навивачите на Манчестер Јунајтед и немилосрдно пукаа кон него со зборовите од типот, „ајде нека ја пропушти цела сезона“ или „прекинете му го договорот, нека си оди“.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top