Faraday Future го претстави најбрзиот електричен автомобил

Под името FF91, Faraday Future конечно го претстави својот прв електричен автомобил..

По неуспешното претставување на саемот за технологија CES 2016, се чини дека оваа година конечно можат да се пофалат со полн погодок. Технологијата која е вградена во овој автомобил е на завидно ниво. Ретко кој од нивните конкуренти може да се пофали со исти или барем слични бројки. На пример, 10 камери на предната страна од возилото, 13 радари со долг или со краток опсег, 12 сензори со висок квалитет и 3D Lidar систем.

Покрај ова, автомобилот располага со две аеродинамични антени кои обезбедуваат интернет со оптичка брзина. Беше најавена батерија од 110 киловати, но сепак успеаја да направат батерија од 130 киловати. Оваа батерија може да помине 600 километри со едно полнење доколку се вози во нормални услови, и дури 775 километри доколку се вози 90 километри на час. Од 0 до 100 километри развива за само 2,39 секунди.

Сите овие рекордни бројки укажуваат на тоа дека Faraday Future со создавањето на овој нивни модел FF91 всушност го создаде најбрзиот електричен автомобил на светот, и многу веројатно и најдобриот во оваа бранша. Бројките поврзани со брзината покажуваат дека не само што се пред Tesla, туку се и пред Ferrari односно Bentley.

Сепак некои работи остануваат нејасни. Дали овој модел е доволен за да ја спаси компанијата и да овозможи да ги остварат сите зацртани цели, ќе покаже времето. До тогаш, FF91 моделот е најавен за 2018 година, ќе може да се нарача со депозит од 5.000 долари, а ќе има и 300 специјални Alliance Edition за тие со подлабок џеп.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top