Фатални поплави во Кина

Најмалку 201 лице загинаа, а 63 се водат како исчезнати во големите поплави кои ја погодија Кина во текот на јули и август, соопштија локалните власти..

Последните поплави се случија во провинцијата Сичуан, каде според последните податоци загинаа осум луѓе, а 23 се водат како исчезнати.

Претходно овој месец загинаа 39, а исчезнаа девет лица при ударот на тајфунот Лекима.

Вкупниот биланс на жртвите минатиот месец изнесува 154, а повеќе од 1,3 милиони луѓе се раселени поради невремето.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top