Федерер маестрален - го надигра и елиминира Ѓоковиќ

Никогаш не го отпишувајте Роџер Федерер, тоа најдобро го покажа вечерва откако и на 38-години славеше над Новак Ѓоковиќ и го прати Србинот дома..

Швајцарецот го исфрли Ѓоковиќ од завршниот Мастерс во Лондон откако славеше 6-4,6-3. Федерер буквално ги збриша Ноле во „О2 Арената“, и се пласира во полуфиналето на престижниот Мастерс.

Ова беше 49-та меѓусебна пресметка во која Федерер се реваншираше за поразот во финалето од Вимблдон.

Со ова стана јасно дека Рафаел Надал ќе ја заврши 2019 година на челната позиција на АТП листата. Федерер пак ќе има можност за седма титула на АТП мастерите.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top