Федерер со сведоштво: Сервирав за титула, а очите ми беа полни со солзи

Роџер Федерер, тенисерот со најмногу Гренс слем титули во историјата се присети на моментот од финалето на Ролан Гарос кога ја освои единствената титула во Париз..

Швајцарецот во 2009 година во финалето славеше над Швеѓанецот Робин Содерлинг со што дојде до 14 титула на Грен слем турнирите и се изедначи со Пит Сампрас.

„Очите ми беа полни со солзи откако го напуштив столчето и тргнав да сервирам за победа. Но си реков сам на себе дека морам да се приберам зошто мечот може многу лесно да се сврти. Во таа ситуација не можев да ги контролрам емоциите“ изјави Федерер за „Лекип“.

Роџер во големото финале славеше со 6-1, 7-6 и 6-4. Со оваа титула тогаш стана сопственик на сите можни Грен слеми.

„Ми се остварија соништата со таа титула. Публиката ме поддржа и одиграв неколку драматични дуели, но би го сторил истото повторно, но да освојам титула. Слични емоции имав и за време на финалето во Дејвис Куп кога водев со 5-2 и сервирав за победа“ изјави Федерер.

Од тогаш поминаа деве години а Роџер освои уште шест Грем слем титули и убедливо е прв на листата.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top