Фејсбук ќе го наплаќа членството во групите

Популарната социјална мрежа Фејсбук го објави почетокот на пилот-проектот во кој ќе наплатува членство на Фејсбук групите..

Пилот-проектот што започнува денеска ќе се применува на неколку Фејсбук групи чии корисници ќе бидат известени дека ќе треба да платат членарина доколку сакаат понатамошно учество во групата.

Како причина за промена на нивната претходна политика базирана на бесплатни услуги, тие сакаат да ги поддржат администраторите на групите кои со својот труд и секојдневно ангажирање, придонесуваат за квалитетот и разновидноста на друштвото.

“Инспирирани од испитувањето на некои админи на Фејсбук групите, решивме дека е време да им ја дадеме поддршката за да продолжат со нивната квалитетна работа во финансиски безбедна средина”, се вели во соопштението на Фејсбук.

Според јавно достапните информации, месечните трошоци за користење на нивните платформи ќе бидат определени од самите администратори и ќе се движат од 4,99 до 29,99 американски долари. Претплатата ќе може да се изврши на едноставен начин – со плаќање на бараниот износ преку апликацијата на Фејсбук на iOS и Android телефоните.

“Ние веруваме дека мерките што се преземаат ќе им обезбеди на администраторите заработка за нивното ангажирање во одржување на групата, а и ќе придонесат за развојот на дигиталната заедница”, се вели во соопштението.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top