„Фејсбук“ откри дека македонски тролови ширеле дезинформации за коронавирусот

Социајлната мрежа „Фејсбук“ одново го забрани сајтот „Natural news” после повторните содржини со теории на заговор..

Овој пат забраната е поради тоа што оваа интернет страница користеле т.н. фарми на тролови од Македонија и од Филипините за да ги шират нивните текстови, а информациите најчесто биле поврзани со лажни информации за коронавирусот, со 5Г, Бил Гејтс и хидроксихлорокин.
„Фејсбук“ открива дека троловите ширеле содржини од сестрински веб страници на “Natural News”, за вештачки да биде зголемена популарноста на текстовите.

„Отстранети се овие страници поради злоупотреби, не поради содржините. Тие ги доведуваат во заблуда луѓето во врска со популарноста на нивните објави и користеа фарми за содржини од Македонија и од Филипини“, соопшти „Фејсбук“.

Американската телевизија „Ен-Би-Си“ објави дека веб сајтот е еден од најголемите промотери на видеото наречено „Пландемија“ кое содржи теории на заговор за коронавирусот, вклучувајќи го и тврдењето дека болеста КОВИД-19 е дел од план на властите да ја контролираат популацијата преку вакцини.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top