Фејсбук планира да воведе своја криптовалута и начин на плаќање

Компанијата Фејсбук ги привршува плановите за лансирање сопствена криптовалута и систем за дигитална наплата во десетина земји во првиот квартал на 2020 година..

Гигантот на социјалните мрежи до крајот на годинава планира интерно да го тестира овој систем наречен Global Coin. Се очекува деталите од овој план да бидат објавени летово.

Основачот на Фејсбук , Марк Закерберг минаиот месец верќе разговарал со директорот на британската Централна банка,Марк Карни за ризиците и можностите што ги носи криптовалутата.

Компанијата преговара со други компании за трансфер на пари како што е Western Union,за да договорат што поефтини и побрзи трансфери на пари за граѓаните без банкарски сметки.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top