Феноменален предлог на познат професор од Тузла: Наум Петрески под капата на УНЕСКО!

Сулејман Мулиќ Шулц тврди дека Наум Петрески и еден од најдобрите..

“Наум Петрески на најубав и најоригинален начин го интерпретира македонскиот мелос во обликот на македонската народна песна од сите краеви на Македонија, а од каде што неговата песна и неговата популарност се проширија низ сите краишта на поранешната Југославија…” напиша меѓу другото познатиот професор од Тузла (Босна и Херцеговина) Сулејман Мулиќ Шулц.

Ете за нас овде во Македонија ова е цврст доказ за тоа колку повеќе надвор од државата се почитуваат македонските пејачи, а особено кога станува збор за славејот Наум Петрески. Но, сепак за да биде запишан под капата на УНЕСКО, како што предлага овој професор, државата Македонија ќе мора без двоумење најпрво да направи попис на најзначајните културни и природни локации, па дури тогаш да го стави и пеењето на Наум под капата на оваа се разбира, значајна светска организација.

Овој тузлански професор е толку воодушевен со пеењето на Наум па, така во продолжение коментира дека Наум во песната “Пеј Бистро пеј” го спомнува Лазарополе кое е толку убаво опеано што оној кој ја слуша песната одлично ги чувствува емоциите како самиот да е роден таму.

За крај професорот Мулиќ во врска со пеењето на Наум му се обраќа директно на нашето Министерство за култура:

– Македонско Министерство треба да го кандидира Петрески на листата на УНЕСКО бидејќи неговата песна и неговото пеење имаат високи музички вредности!

До изјавата на Наум не дека не дојдовме, туку тој е на одмор во некоја од планините во Бугарија и само на кусо ни изјави, дека за ова сака да каже нешто повеќе откако ќе се врати во Скопје.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top