Ферус Мустафов: Ако не дозволат да работиме, ќе се селам од Македонија

Кралот на ромската музика Ферус Мустафов е крајно разочаран од ситуацијата во која се наоѓаат музичарите..

Ова е тажно, па потажно не може да биде, види што направија од нас уметниците, вели кралот на ромската музика Ферус Мустафов за „ММС“, разочаран од одлуките на државата, според кои на музичките работници не им се дозволува да настапуваат.

Ферус веќе четири месеци седи дома, сите настапи кои ги имал закажано, поради ситуацијата се откажани, а сега не може да настапува ни во локали, бидејки иако се отворени, за музичарите сè уште важи забраната.

Музичарите револтирани од одлуките кои што се носат поднесоа иницијатива за враќање на музичките настани на музичарите и музичките работници „МУЗИКА – СЕГА!!!“ и нејзините (до денеска вклучени) 1.400 членови, најостро реагираат на последните одлуки на Владата, објавени во последниот Службен весник, објавен на 23 јуни 2020 година, со кој сè уште се забрануваат секаков тип на организација на музички настани на отворен или во затворен простор во угостителските објекти за исхрана и покрај фактот што последните 15-ина дена, се донесени многу мерки со кои се укинуваатт претходните ограничувања за добар дел од секторите од индустријата (барови, теретани, казина, отворање на границите без потребни ПЦР тестови и задолжителна самоизолација и сл.), соопшти преку „Фејсбук“ музичарот и фронмент на „Суперхикс“, Петар Младеновски.

Истата одлука се содржи во член 15 од делот кој се однесува на угостителските објекти за исхрана.

Во писмото со протоколите кое е објавено пред некој ден од самата Иницијатива се предложени многу мерки, во согласност со препораките на СЗО и локалните релевантни фактори за зачувување на општото здравје и спречување на ширењето на заразата а со цел – итно враќање на музичките настани под одредени протоколи!

Бараме итна средба со одговорните за носењето на мерки и одлуките со кои е направен овој пропуст кој оди директно на штета на илјадници музичари и музички работници кои деновиве со борат со проблеми од егзистенцијална природа по затворањето или ограничувањето на можноста слободно да работат и заработуваат а директно поврзано со донесените рестриктивни мерки и нивното олеснување , за кој, очигледно за сега- се нема слух!

МУЗИКА – СЕГА!, порача Младеновски од името на иницијативата.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top