Фетаи и Бубевски заменети, „Титаник 2“ пред Апелација ќе го застапува виш јавен обвинител

Апелациониот суд ќе одлучува по жалбите на обвинетите откако Кривичниот суд во март годинава ги осуди на затворски казни од 3 до 4 и пол години..

Вишата јавна обвинителка Соња Симовска ќе го заземе местото на обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски утре пред Апелациониот суд каде ќе се разгледуваат жалбите на обвинетите во предметот „Титаник 2“. 

Со ова екс шефот на УБК, Сашо Мијалков, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и поранешни членови на ДИК, кои беа осудени во овој предмет пред првостепениот суд, утре нема да се соочат со Фетаи и Бубевски, туку со Симовска.

Ова следи откако предметите на СЈО ги презеде државното обвинителство. Во иднина за сите жалби на обвинетите или обвинителството, наместо екс специјалните обвинители, предметите пред Апелациониот суд ќе ги застапуваат обвинители од Вишото јавно обвинителство.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top