„Фич“: Бугарија може да го усвои еврото на почетокот на јануари 2023 година

Според последниот извештај на агенцијата за рејтинг „Фич рејтингс“, Бугарија може да го усвои еврото на почетокот на јануари 2023 година, пренесуваат медиумите во соседството..

Бугарија официјално го започна процесот на пристапување кон механизмот ЕРМ II во јули 2018 година и чека одлука дали може да се приклучи на таканаречениот механизам ЕРМ II.  Хрватска го следи нејзиното барање и испрати писмо за пристапување до ЕРМ II на почетокот на јули.

„Фич“ смета дека најраното усвојување на еврото за Бугарија би можело да започне во јануари 2023 година, а за Хрватска во јануари 2024 година, под услов и двете држави успешно да ги исполнат критериумите на ЕРМ II, како и пошироките критериуми за конвергенција.

Романија исто така изрази интерес за пристапување во ЕРМ II, но засега нема официјален распоред. Изгледите за усвојување на еврото во Унгарија, Полска и Чешка остануваат оддалечени во блиска иднина, со мала политичка подготвеност и во некои случаи со многу мала јавна поддршка за членство во еврозоната, забележува агенцијата за рејтинг.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top