ФИФА отвори истрага против Швајцарците, но и против српскиот селектор

ФИФА официјално отвори истрага за прославата на Гранит Џака и Џердан Шаќири при 2:1 победата на Швајцарија над Србија во петокот, но исто така реши да ги истражува и постапките на српскиот селектор, Младен Крстајиќ..

ФИФА официјално отвори истрага за прославата на Гранит Џака и Џердан Шаќири при 2:1 победата на Швајцарија над Србија во петокот, но исто така реши да ги истражува и постапките на српскиот селектор, Младен Крстајиќ.

Џака и Шаќири се етнички Албанци со потекло од Косово и Србија, и тие своите голови ги прославија со покажување на „орел“, како на албанското знаме.

„ФИФА отвара дисциплинска постапка против Џака и Шаќири, а за истиот меч има истрага против Српската фудбалска федерација за проблемите со публиката и покажувањето на политички и навредливи пораки од српските фанови. Покрај тоа, има истрага и против селекторот на Србија, Младен Крстајиќ за изјавите кои ги направи по мечот“, се вели во соопштението на ФИФА.

Не е јасно за која изјава на Крстајиќ се работи, но најверојатно е коментарот за судијата Феликс Брих: „Не би му дал ниту жолт, ниту црвен картон, би го пратил во Хаг. Таму треба да го судат, како што не судеа нас“.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top