Филипче: 43.000 хронично болни бесплатно ќе добијат маски против загадувањето

Вкупно 43.000 хронично болни бесплатно ќе добијат маски за заштита од аерозагадувањето..

Покрај нив, како ризична група, министерот за здравство Венко Филипче смета дека маски треба да добијат и децата, но се уште се работи на утврдување на нивниот број и начинот на кој би се поделиле маските.

„Извлековме податоци дека имаме 43.000 хронично болни, а бројката на деца за кои се потребни маски се уште се утврдува. Сега бараме начин како да им ги поделиме маските. Со Министерството за животна средина веќе утврдивме дека маските не го решаваат проблемот, но сепак се некаква форма на заштита“, вели министерот за здравство Филипче.

Тој најави дека ќе настојуваат што побргу да се најде решение и да им се поделат маските на хронично болните и на децата.

Министерот Филипче маски за ризичните групи граѓани најави вчера. Синоќа Македонија беше четврта најзагадена земја во светот, а аеродагадувањето беше и 11 пати над дозволеното.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top