Филипче: Ако претседателот на најголемата опозиција свесно лаже, џабе се бориме против лажни вести

Бидете спокојни, тестови има и постојано се набавуваат резерви, порача министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи..

Неговата порака следува откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 ТВ, рече дека има информации оти Министерството за здравство во моментов не располага со повеќе од 100 теста за опасниот вирус.

„Се чудам со каква леснотија Христијан Мицкоски ја лаже јавноста дека сме имале тестови за само еден ден. Џабе се бориме против лажни и неточни вести, ако претседателот на најголемата опозициска партија свесно лаже и креира паника меѓу граѓаните“, напиша Филипче на Фејсбук.

Мицкоски, пак, во телевизискиот настап, рече дека до пред неколку дена се тестираа околу 400 лица на ден за коронавирусот, а сега резервите се доведени на минимум и со таа динамика Македонија има тестови само за уште еден ден.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top