Филипче најави двојно повеќе бесплатни вакцини против грип, како дел од стратегијата

Министерство за здравство презема чекори за зголемување на болничките капацитети со 16 нови ковид центри, зголемување на капацитетите за брза дијагностика, како и зајакнување на медицинскиот персонал.

Во изјава за телевизија Алсат, Филипче рече дека се подготвуваат 16 ковид центри по примерот на монтажната модуларната болница, која се наоѓа веднаш до Инфективната клиника со што се зголемува бројот на болнички кревети во сите болници низ територијата на целата држава. На овој начин, целосно ќе се одделат пациентите со ковид-19 од редовните програми на болниците. Во центрите ќе има брза дијагностика, за веднаш да се знае после приемот дали пациентот е носител на вирусот или не. Да се знае по која патека да се движи. Огромен дел од младите лекари, кои добија лиценци за работа пред неколку недели веќе прифатија да работат со своите постари колеги.

Филипче уште кажа дека дел од стратегијата е двојно зголемување на бесплатните сезонски вакцини против грип. Вакцината нема да биде задолжителна, но е важна мерка за заштита за луѓето од најранливите групи.

„Ќе ги вакцинираме сите лица постари од 65 години, пензионери, ќе има вакцина и за здравствените работници, за трудниците…тие коишто сметаме дека најмногу треба да се заштитат. Верувам дека ќе има добар одѕив, и дека ќе прифатат вакцинација. Да се заштитат барем од сезонскиот грип, бидејќи за тоа има заштита-вакцина. Сега гледаме колку е вакцинацијата битна, кога се соочуваме со болест за која што нема вакцина“,  изјави Филипче.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top