Филипче: Нема договор во „четири очи“,се е според правилата на Банката

Министерството за здравство ја демантира информацијата на НОВА дека министерот Филипче потпишал договор во четири очи, без да распише тендер, за изградба на бункер за акцелератор во Клиничката болница во Штип, иако демант веќе беше испратен и објавен..

„Имено, воопшто не се работи за склучен договор „во четири очи“ или договор со преговарање, ниту пак за било која друга форма на јавна набавка која ја исклучува конкуренцијата. Министерството за здравство, а со претходна детална координација со Банката за развој при Советот на Европа (CEB) и нивно претходно одобрување, во рамки на веќе постоечкиот Договор за градба на Болницата, склучи „Варијација„ односно од средствата резервирани како “contingency funds” во постоечкиот договор, со цел да се заврши градбата на бункерот. Со ова НЕ СЕ зголеми вредноста на основниот договор, не се алоцирани нови средства од буџетот на Министерството, а издадената банкарска гаранција од изведувачот ги опфаќа и овие средства. Поедноставно кажано, се работи за процедурален дел на постоечки Договор за градба, кој е нормален во текот на имплементацијата на еден ваков објект, и кој што е целосно во согласност со правилата на располагање со средствата од кредитот на CEB. Министерството за здравство како коорисник на кредитот има право на ваков тип на Варијација, а истото е потврдено од страна на CEB како кредитор, меѓународна реномирана инвестициска банка со широк спрктар на експертиза во оваа област“, се вели во реакцијата на Министерството за здравство.

Од Министерството за здравство побараа и извинување, но НОВА се уште ги чека документите на увид од кои ќе се види како се одвивала целата постапка на Проектната единица и Министерството за здравство. Вчера од Министерството беше доставен документот за варијација со грчката фирма Интракат која ја гради Клиничката болница во Штип која треба да биде завршена до 31. 01. 2019 година, а каде според информациите на НОВА, работите не се завршени ниту до половина.

Но, не добивме документи од кој ќе се види дали бункерот за акцелераторот е составен дел од болницата, ниту техничка документација и како се стигнало до вкупната цена на чинење, како што претходно беше побарано  во разговор со министерот Филипче, за да се дојде до оваа варијација.

НОВА веќе објави, а тоа го поткрепи со изјави од фирмите изведувачи на терен, како и фирмата која ја проектирала болницата,  дека бункерот не е составен дел на Клиничката болница во Штип која започна да се гради две години после бункерот. Поради ова Министертвото за здравство треба да објасни како дошло до потпишување на нов договор, без тендер, на веќе постоечките цени од друга фирма, без можност за избор на најповолен понудувач.

Извор: НОВА ТВ


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top