Филипче: Нема потреба од нови мерки

Засега нема потреба од нови рестриктивни мерки, но ако се појави нужност од нив, стратегијата е тие да бидат таргетирани во одредени населби, општини или градови..

Ваков е коментарот на министерот Венко Филипче по неодамнешната изјава на претседателот Пендаровски дека нема да поддржи нов карантин и економско затворање на државата. Во моментов, според Филипче, не постои простор за неконтролирано ширење на вирусот, што би наметнало некакви рестриктивни мерки.

„Првиот чекор би биле поблаги рестриктивни мерки, ние најавивме ограничување на јавни собири, односно целосна забрана во некои општини и региони на кој начинот на трансмисија на вирусот, кој треба да се запре со таков начин на рестрикции. Понатаму маската на отворено задолжителни за секој, сега засега не, но есенски и зимски период кога луѓето треба да се штитат од настинки и сезонски грип“, изјави Венко Филипче – министер за здравство.

Долгонајавуваните дисперзирани ковид центри во 16 градови во државата доцнат, поради тоа што доцни и кредитот од Светска банка.

„Во изминатиот период имаа за цел да ги одделат целосно физички пациентите кои се заболени од ковид, истите тие тимови инфектолози медицински сестри дополнети со системот на ротација и младите лекари кои сакат да работат во оваа струка, ќе бидат распределени во тие ковид центри. Сè со цел сегашните болнички капацитети да останат чисти“, рече Венко Филипче – министер за здравство.

Во меѓувреме, сè уште траат интерните анализи кои ги прават болниците и клиниките за смртноста и идните тенденциите на корона вирусот. Во завршна фаза е само онаа од Инфективната клиника. Овие резултати ќе се искористат да се направи анализа и за пристапот, ефектите и терапијата и времето на доаѓање во болница за здравствените власти да знаат како да продолжат со менаџирање на ситуацијата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top