Филипче објави фотографии од дел од тимовите на пунктовите за тестирање

Министерот им испрати и порака на граѓаните да се придржуваат до мерките за заштита од коронавирусот..

„Ова се дел од моите колеги кои неуморно работат на пунктовите за тестирање. Од нив зависи јавното здравје, од нив зависат нашите животи. Одговарајте точно на прашањата на лекарите и епидемиолозите – со тоа го штитите вашето, но и нивното здравје. Оваа борба зависи од секој од нас. Сега, како никогаш досега, треба да покажеме одговорност. Им благодарам на сите колеги кои го вложуваат целиот труд. Им благодарам на сите граѓани кои доследно ги почитуваат препораките и мерките. Издржете, ќе ја пребродиме оваа криза и ќе излеземе посилни“. напиша Филипче на фејсбук.

На денешната прес-конференција, тој објави дека досега се заразени 52 здравствени работници или 9,5 проценти од вкупниот број заразени во земјава. Половина од заразените здравствените работници, како што рече, се инфицирале на работното место.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top